Анализи

Трудот ја зголемува силата за сметка на капиталот по пандемиите

Додека Црната смрт ја косеше Европа во 1348 и 1349 година, работниците од целиот континент открија дека имаат власт за прв пат во својот живот. Текстилните работници во Сент Омер во Северна Франција побараа и добија три последователни зголемувања на платите во рок од една година по поминувањето на Големата чума. Многу еснафи штрајкуваа за повисока плата и пократко работно време. Кога француската влада се обиде да ги ограничи овие барања во 1351 година, сепак овозможува зголемување на платите за една третина над нивото од пред чумата. Кон 1352 година англискиот парламент – кој во 1349 година донесе закон со кој се ограничува плаќањето до не повеќе од нивото пред чума – презема дејства против работодавците кои наместо тоа, двојно или тројно ги зголемуваат платите на работниците, пишува Џон Отерс за „Блумберг“.

Овие податоци доаѓаат од книгата на историчарот Барбара Такмен „Далечно огледало“, која говори за несреќите на Европа во XIV век. Објавена во 1978 година, кога авторката смета дека таа ги одразува современите беди на 70-тите години на минатиот век, книгата неодамна го крена својот рејтинг во Amazon, бидејќи научниците од сите области на науката ја истражуваат историјата на пандемиите, за да се разбере иднината, што не очекува по коронавирусот.

Пандемиите, откриваме ја обликувале цивилизацијата, како дури има аргументи дека довеле до позитивна промена. Црната смрт, дошла во времето на распадот на католичката црква од папскиот раскол, се менува односот кон религијата, откако прави Европејците повеќе несклонни да се потчинуваат на власта. Како Такмен вели „Црната смрт можеби го дава непризнаениот почеток на модерниот човек“ – ако и ренесансата, реформација и просветителството да претстоеле по векови.

Едно од најјасните упатства: трудот ја зголемува силата за сметка на капиталот. Тоа може да изгледа како премногу голема екстраполација на еден од најекстремните настани во историјата. Црната смрт го скратува европското население за околу 40% за помалку од две години. Секако, тоа им дало повеќе сила на преживеаните работници. Ниту една друга епидемија немала толку големо влијание, сегашната исто.

Едно истражување, штотуку објавено од филијалата на Федералните резерви во Сан Франциско, покажува дека и помалку опустошувачките пандемии имаат слични ефекти. ФЕД смета десетина епидемии, од Црната смрт до грипот H1N1 од 2009 година, одзеле барем 100.000 животи. Конечниот број на смртни случаи кај неколку од овие епидемии е многу помал од сегашните проценки за КОВИД-19, иако тие се фокусирале подиректно на работоспособното население. Научниците прават и друг читања на податоците, исклучувајќи ја Црната смрт (далеку најсмртоносната) и шпанскиот грип од 1918 година (бидејќи Големата депресија, која следела едвај деценија подоцна, може да доведе до нарушување на резултатите) и откриваат истата слика. Во децениите по пандемија реалните плати во Европа (за кој континент има најдобри континуирани податоци) секогаш се зголемуваат.

Овие бројки се референтни кон она што би се очекувало без чумите (и тие се во реални услови: по Црната чума цените на житото се зголемуваат, па првично повисоките плати само ја компензираат инфлацијата) и покажуваат дека пандемиите го поддржуваат труд за речиси четири децении. Овие добивки се за сметка на капиталот. Акционерите треба да се подготват за пониска поврат отколку што се предвидуваше.

Секој поглед кон насловите треба да потврди дека можеме да видиме повторување на овие модели. При вонредни услови, владите во Европа ги субвенционираат платите и плаќаат на работниците, за да не работат. Работниците кои се уште се обврзани да работат, додека други се социјално дистанцирани, и кои претходно биле подготвени да прифатат полоши плати и услови, стануваат многу цврсти во своите барања. Најпознатиот пример е со работниците во Amazon, кои долго време се жалат од практиките во складовите на компанијата и кои излегоа на улиците за да протестираат дека се принудени да работат во непосредна близина еден до друг, откако некои од нив се заразиле со КОВИД-19. А од Amazon одговорија дека дури и ќе вработат нови 80.000 вработени.

Друг загрижувачки наод од студијата е дека не треба многу да се надеваме. Пандемиите не се како војни. Зградите и машинеријата не се уништени, така што нема што да се гради повторно. Некои европски политичари, вклучително и премиерот на Шпанија, веќе побараа „нов Маршаловплан“, што би претставувало „најголема мобилизација на економските и материјалните ресурси во историјата“. Но, можеби е премногу оптимистично да се направи паралела со „Маршаловиот план“ – огромна инвестициска програма со која САД ја поддржуваат реконструкцијата на Западна Европа по Втората светска војна.

Кога научниците гледаат на реалните природни стапки по пандемиите и ги споредуваат со влијанието на војните, тие откриваат дека двата типа на катастрофи имаат спротивни ефекти. Природната каматна стапка, според нивна дефиниција, е „нивото на реален поврат на безбедни средства, што ја балансира понудата на заштеди и побарувачката за инвестиции во економијата додека ги одржуваат цените стабилни“. Повисоката економска активност ќе бара повисоки стапки, сите работи да бидат еднакви, додека послабата економска активност ќе доведе до пониски стапки. Забележителна студија објавена од Банката на Англија претходно оваа година пресметува реални каматни стапки до 1311 година, пред Црната смрт.

Наодите на ЕЦБ се јасни. Војните водат кон повисоки реални камати, што укажува на поголема економска активност што треба да се контролира. Пандемиите се проследени со пониски реални стапки, што укажува на ниска економска активност. Интуицијата зад ова е дека нема недостаток на капитал што треба да се замени, како што се случува по војната. Покрај тоа, веројатно постои тенденција да се заштеди отколку да се инвестира. Кога економијата претрпува голем удар, многумина чувствуваат потреба да заштедат повеќе – и затоа трошат помалку, што значи и побавен економски раст.

Исто така, постојат важни психолошки разлики. После една војна, колку и да е трауматична, победниците се задоволни од победата, додека поразените можат да направат големи напори за обнова на економијата и зачувување на националната чест. Втората половина на дваесеттиот век и подемот на земји како Германија, Јапонија и Јужна Кореја го покажуваат ова.

По пандемијата, луѓето буквално го одржуваат стравот од Бога, универзумот во нив, без големо чувство за победа. Честопати, преживеаните се чувствуваат виновни. На овој начин, потрошувачката и моделите на инвестирање можат да бидат погодени од посттрауматско стресно нарушување. Ќе го цитирам инвестицискиот аналитичар Питер Атер од „Financial Insyghts“: „Ние не се опоравуваме од траума, се прилагодуваме на неа. Учиме да живееме со своите лузни и да се движиме напред низ болката“.

Специфичните ефекти на коронавирусот вклучуваат поголеми побарувања од владите, бидејќи оваа криза покажа барем еден случај кога јасна насока одозгора може да биде корисна. Претставниците на политичката десница веќе се загрижени дека коронавирусот ќе доведе до „колективистичко искушение“ и да ја зголеми привлечноста на левичарските и социјалистичките движења.

Позагрижувачки е потенцијалот за хаос и немири. Заедничка нишка меѓу пандемиите е обидот да се обвинат странците и надворешните лица. Масакрите на Евреите за време на Црната смрт ги натерале да се преселат во Источна Европа. Губењето верба во авторитетот на црквата е дезориентирачко, како и обидите на работниците да ги бараат своите права. Во двата века по чумата, Европа беше растргната од низа непотребни војни. Востанијата на селаните и занаетчиите биле вообичаени и секогаш завршувале со брутално задушување.

Како и претходните, оваа паника можеби ја наклонила рамнотежата во корист на трудот и капиталот. Ќе се зголеми недовербата кон владите, истовремено зголемувајќи ја желбата на властите за поактивна улога во општеството и пазарите. Ќе имаме среќа ако овие конфликти се решат мирно.

Поврзани вести

Додека работната сила заминува на Запад, отпадот доаѓа на Балканот

Никола Поповски

Блокадите поради коронавирусот се неопходни, но треба да бидат привремени

Stefanija Kuzmanovska

За нееднаквоста не е виновен капитализмот, туку економистите

Влатко Зорба

МОТ: Поради пандемијата, загубени се околу 300 милиони работни места

Грција сака да биде клучен играч во геостратешката игра со гасот за Европа

Влатко Зорба

Протекционизмот на Трамп го забави растот до нивото од времето на Обама

user4