СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Амазон“ почна да продава монтажни куќи

Интернет компанијата „Амазон“ во својата понуда внесе и продажба на мали брзомонтажни куќи. Наводно поради големиот раст на цените на недвижнини, трендот на изградба на овие куќи владее низ цел свет, не само во Америка.

„Амазон“ моментално во својата понуда има десетина различни модели од 10 до 40 квадратни метри. Иако мали, овие монтажни недвижнини имаат се – од кујна и тоалет, па се до дневна и спална соба која е сместена во поткровје.

Купувањето е едноставно, а се испорачува низ целиот свет. Цените се движат од 15.000 долари за наједноставните, па нагоре.

Според податоците од „Амазон“, куќичките одлично се продаваат. За нивното поставување не е потребна ни градежна дозвола, а вселувањето е најдоцна за 2 дена.

Поврзани вести

Лукаревска: 2.286 компании треба да ја вратат финансиската помош за плати

Влатко Зорба

WhatsApp сепак реши да споделува податоци за корисниците

Влатко Зорба

Половина милијарда непродадена облека во Германија: Попустите ќе се искачат до 90 проценти

Влатко Зорба