СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Амазон“ продолжува да ангажира луѓе – сега уште 75 илјади

Американскиот концерн „Амазон“ објави дека ќе најми уште 75 илјади луѓеза различни работни места – од вработени во магацин до возачи за испорака. Ова е случај откако епидемијата на коронавирус продолжува да ги задржува Американците затворени во нивните домови и нарачките преку Интернет растат, пренесе „Ројтерс“.

Трговскиот гигант се соочува со тешка задача да регрутира повеќе луѓе, и покрај растечките повици за затворање на своите капацитети. Компанијата, која објави дека има случај на коронавирус меѓу вработените во магацин и се соочува со голем број протести, тврди дека ќе почне да ја проверува температурата на своите вработени и ќе им нареди да носат маски. Правилата ќе важат како за магацините во САД, така и за Европа.

Веќе се слушнаа повици и од властите компанијата да ги затвори своите магацини.

Но, бидејќи невработеноста достигнува рекордно високо ниво, „Амазон“ се обидува да ја пополни празнината. За привлекување нови вработени, компанијата тврди дека ќе додаде 2 американски долари од минимум 15 американски час на час, што ги добиваат вработените во САД.

Интернет-гигантот тврди дека ги пополнила 100 илјади претходно објавени позиции и на нив се додаваат нови работни места.

„Амазон“ вели дека очекува да потроши повеќе од 500 милиони долари на глобално ниво за да се зголемат платите на вработените за време на пандемијата, пораст од претходната прогноза од 350 милиони американски долари.

„Знаеме дека многу луѓе се засегнати економски, откако работни места во сместувањето, рестораните и патувањата се загубени, или луѓе се на одмор, како дел од кризата, а ние го поздравуваме секој, што нема работа,  да се приклучи на „Амазон“, додека работите се вратат во нормала и нивниот работодавец може да ги врати назад“, вели компанијата во објавата на блогот.

Бројот на вработени во „Амазон“ се менува сезонски, достигнувајќи врв неодамна за време на празничниот квартал, на 798.000. вработени со полно и скратено работно време пред да објават отворање на 100 илјади работни места по објавувањето на пандемијата.

Поврзани вести

ДУНА го скрати работното време за новите мајки

msp-admin

Меркел: Потребни се повеќе капацитети во ЕУ за производство на вакцини

Влатко Зорба

Светска банка за стандардизирање на договорите за вакцини против корона

Влатко Зорба