СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Американските милијардери се за 20 отсто побогати по првите 3 месеци од пандемијата

Коронавирусот засега е многу добар за американските милијардери, кои се за 20 проценти побогати по првите три месеци од почетокот на пандемијата, и тоа само до средината на мај, се вели во анализата на Институтот за политички студии.

Богатството на 643 американски милијардери се зголеми од 18 март до 17 јуни, од 2,9 трилиони на 3,5 трилиони долари – за 584 милијарди долари.

Уште 29 милионери се приклучија на американскиот клуб „Милионери“ во тој период.

Американскиот институт што ја спроведе анализата користеше податоци од „Форбс“, кои со години водат евиденција за најбогатите луѓе во светот и промените во нивното богатство.

Во истите три месеци 45,5 милиони Американци ги загубија своите работни места и се пријавија во бирото. Само во третата недела од април, дури 4,4 милиони Американци се регистрираа во канцеларијата за невработени.

Институтот наведува, повикувајќи се на податоците на Федералните резерви (Американска централна банка), дека повеќе од 6,5 милијарди долари богатство на американски домаќинства исчезнале во првите три месеци од оваа година.

„Ова е навистина најголемиот економски шок во САД и во светот во сеќавањето на оние што се живи денес. Дојдовме од најниската стапка на невработеност во последниве 50 години на највисоко ниво за скоро 90 години и го сторивме тоа за два месеци“, рече претседателот на Федералните резерви, Џером Х. Пауел.

„Оваа оргија на богатство покажува дека нашиот систем е фундаментално погрешно поставен. За три месеци, околу 600 милијардери го зголемија своето богатство за многу поголема сума од сумата, што е, како што велат гувернерите, потребна за нивните федерални држави да продолжат да обезбедуваат услуги за своите 330 милиони жители“, додава тој.

Поврзани вести

Зошто најбогатиот човек на светот секогаш размислува три години напред?

Влатко Зорба

Одговор по реакција на одлука за измена и дополнување на статутот на Жито Лукс АД Скопје

msp-admin

Audi здружува сили со FAW за производство на електрични автомобили

Влатко Зорба