СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ангеловска: Домашната платежна картичка поставува нови стандарди за работа и дебирократизација на институциите

Домашната платежна картичка поставува нови стандарди за работа и дебирократизација на институциите. Целиот процес одеше без поднесувања на барања, без вадење документи и чекање на шалтери од страна на граѓаните. Институциите ја преземаа таа обврска, вели министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Ова е обемен проект, вели таа, кој бара голема координација од страна на повеќе институции како Генералниот секретаријат, Министерство за финансии, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, Агенција за вработување на Република Северна Македонија и Фонд за здравствено осигурување на Македонија. Ова покажува како институциите треба да дејствуваат во функција на граѓаните, а не обратно.

Домашната платежна картичка, според неа, бил предизвик и да се проверат дата-базите на институциите и истите да се прилагодат, за да може да се користат и за други проекти во иднина

Ангеловска посочува дека се добиени приговори од граѓани кои сметаат дека ги исполнуваат условите и дека треба да бидат на листата корисници на домашната платежна картичка.

– Се работи секој ден и дневно се разгледуваат илјадници мејлови од тимот на Генералниот секретаријат, вели таа.

Очекува веќе од следната недела да почнат да се печатат картичките за лицата кои ќе се додадат на листата по основ на приговорите.

– Секој кој ги исполнува условите ќе добие домашна платежна картичка, заврши Ангеловска

Поврзани вести

Парадоксална состојба на пазарот на труд во Австрија

msp-admin

Пивари во Европа преминуваат во производство на средства за дезинфекција

msp-admin

Безос го поддржува предлогот на Бајден за зголемување на даноците на компаниите

Влатко Зорба