СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бафет: Коронавирусот е „страшна работа“, но сега е време да се купуваат акции

Менаџерот за инвестицискиот фонд Berkshire Hathaway, Ворен Бафет го нарече ширењето на новиот коронавирус „страшна работа“, но истакна дека сега не е време да се продаваат акции, и покрај заканата од пандемичен вирус, пренесува Ројтерс.

Во интервју за „Си-Ен-Би-Си“, Бафет рече дека кинеската епидемија на коронавирусот не ги менува неговите долгорочни планови. Според Бафет, коронавирусот е „ужасна работа“, но тој не смета дека тоа треба да влијае на оние кои инвестирале во акции.

Потсетуваме дека на 24 февруари глобалните пазари паднаа нагло како резултат на стравувањата дека избувнувањето на коронавирусот „Ковид-19“, кој започна во Кина и се распространи во голем број земји, вклучително и Италија, Јужна Кореја и Иран, би можеле да ги прекинат синџирите на снабдување и да го забават глобалниот економски развој.

Покрај тоа, Бафет рече дека долгорочните инвеститори не треба да обрнуваат внимание на дневните наслови во вестите и дека неговиот инвестициски фонд ќе продолжи и ќе биде „склон“ да купува акции.

„Ако ја погледнете моменталната состојба, вели познатиот финансиер, ќе добиете повеќе за вашите пари во акции, отколку во обврзници“.

Тој тврди дека ова е точно, иако американската економија станала „малку помека“ отколку пред шест месеци.

Американската економија порасна за 2,3% минатата година, но имаше пад на потрошувачката и на индустриското производство.

Ворен Бафет зборува два дена откако од неговиот фонд соопштија дека оперативната добивка паднала за 3% во 2019 година на 23,97 милијарди американски долари поради осигурителни загуби, додека растот на Apple и другите инвестиции ги зголемиле нето-приходите на рекордни 81,42 милијарди долари.

Поврзани вести

Месото се претвора во мотор на глобалната инфлација кај храната (инфографик)

Влатко Зорба

„Porsche“ го чести секој работник со по 8.000 евра

Влатко Зорба

Претпладне работа, попладне уживање на покривот: Мобилната канцеларија на Нисан стана хит!

Влатко Зорба