СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Банкомати сами ќе ги дезинфицираат парите

Технолошки старт – ап од Истанбул развива модул за дезинфекција на пари за банкомати, со цел да се отстранат бактерии и вируси од хартиените пари, пишува Хуријет, цитирани од Бизнис Инфо.

“Модулот што ние го развивме ги прави сите банкомати хигиенски и еколошки за само 15 минути“, вели Фуркан Еручан, коосновач на Money Shower.

Според него, со “технологија за инстант дезинфекција“, модулот ги заштитува луѓето од различни микроорганизми, вклучувајќи го и коронавирусот.

“Сега има 26.000 бактерии од 500 видови во просек на банкнотите што циркулираат низ Европа. Овој број е доволен за да се разболат луѓето… Земјите ги собираат хартиените пари, ги спалуваат во посебни центри и печатат нови со цел да се спречи ширење на заразите“, додава Еручан.

Откако ќе биде завршен пилот проектот, компанијата ќе го интегрира својот модул во банкоматите на најголемите банки до 2023 година.

Поврзани вести

6 работи кои што вашиот шеф ги забележува

msp-admin

Фолксваген ја одложи одлуката за изградба на фабрика во Турција

msp-admin

Шефицата на Bet365 со најголема плата во Велика Британија – заработила 323 милиони фунти во 2019 година

msp-admin