Компании и пазар

Бензините и дизелот од полноќ со нова цена

Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53%. Ова значи дека од вечерва на полноќ цените на горивата се зголемуваат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 06.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 06.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,605 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 26,585 ден/кг.

Поврзани вести

Компании ширум светот се здружија против Фејсбук, а еве и зошто

Stefanija Kuzmanovska

Арсовска: Претпријатијата се ‘рбет на економијата и им треба поддршка

Влатко Зорба

Давос: Мнозинството граѓани сакаат владите да преземат мерки за да се намалат стапките на пушење

Влатко Зорба

Apple гради нова канцеларија во Тексас за 15.000 вработени

Влатко Зорба

Бензините поскапуваат за 3,5, нафтата за 1,5 денари

Влатко Зорба

МОТ и ЕБОР ја советуваат Северна Македонија за пазарот на трудот по корона вирусот