СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Безос во неволја: Уреди на „Амазон“ се топат и експлодираат

Тројца американски демократски сенатори побараа повлекување на сите опасни производи од продажната платформа на „Амазон“, откако Си-Ен-Ен ги објави резултатите од својата истрага, кои покажаа дека десетици електронски производи на Амазон остануваат во продажба, и покрај поплаките на клиентите дека се стопиле, експлодирале или се запалиле.

Во писмо до сопственикот на Амазон, Џеф Безос, сенаторите Ричард Блументал од Конектикат, Роберт Мендез од Њу Џерси и Ед Марки од Масачусетс напишаа дека извештајот на Си-Ен-Ен покажува дека продавачот ги игнорира сериозните грижи на клиентите за одредени електронски уреди.

„Амазон мора веднаш да ја прекине продажбата на опасни и неисправни производи, да ги повлече и веднаш да ги извести клиентите за потенцијалните ризици“, напишаа демократските сенатори во писмото.

Амазон не одговори директно на загриженоста на сенаторите, но компанијата рече дека „безбедноста е на прво место“ и дека нивните производи ги исполнуваат сите безбедносни стандарди.

Компанијата, исто така, рече дека преземаат бројни чекори за да се осигурат дека основните производи на Амазон се безбедни и квалитетни.

Овие чекори вклучуваат избор на искусни производители, следење на повратните информации од клиентите и тестирање на производи за да се уверат дека поминале тест за безбедност и дали ги исполнуваат стандардите за усогласеност пред и откако ќе се појават на пазарот.

Поврзани вести

ЕК предлага директива која треба да обезбеди еднакви плати за жените и мажите

Влатко Зорба

„Адмирал“ донираа медицинска опрема во вредност од 20.000 ЕВРА на Општата болница во Гостивар

msp-admin

Фирми и поединци на УЈП ѝ должат 9,6 милијарди денари

msp-admin