СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Битолска млекара на домашниот пазар го создаде првиот јогурт збогатен со 10 витамини

Битолска млекара на домашниот пазар го создаде првиот јогурт збогатен со 10 витамини. Битолски јогурт со 10 витамини е производ што е посебно корисен за децата и нивниот правилен раст и развој. Внесените витамини придонесуваат за зајакнување на имунолошкиот систем, за здрави заби, здрава коса и кожа, подобар вид и цврсти коски.

“Родителите постојано бараат најдобри начини да ги поддржат своите малечки што растат. Тие постојано се во потрага по најдобриот совет, пристап до образование и квалитетна исхрана за децата. Одлуката честопати не е лесна, бидејќи има многу различни мислења и совети – што е најдобро за детето. Затоа Битолска Млекара, како компанија посветена на квалитетната исхрана на децата, кои се приоритет во стратегијата за општествена одговорност на компанијата, долго време работеше на развој на нов производ на пазарот – Битолски јогурт со 10 витамини, кој претставува проширување на портфолиото производи на веќе добро познатото Битолско млеко со 10 витамини. Овој производ е наменет за задоволување на потребата од витамини кај сите возрасти, а е одличен избор за сите родители кои секогаш го бираат најдоброто за своите најмлади”, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Родителството воопшто не е лесно. Потребно е многу одрекување, енергија и трпеливост. Среде сите овие моменти, потрагата по најдоброто за детето, во секоја смисла, започнува со најдобриот избор на исхрана. Целосниот психофизички развој на детето потекнува од исхраната. Затоа овој пат со новиот јогурт се збогатува изборот на најнеопходните витамини, и истиот е направен врз основа на придобивките за здравјето и потребите за организмот. Новиот Битолски јогурт е со 2,8% млечна маст и е природен извор на калциум, а збогатениот состав со десетте витамини ги задоволува дневните потреби кај сите возрасти, но посебно е корисен за деца кои се во раст. Витаминот Д3 е посебно корисен за децата заради калцификација на коските, витаминот Е како еден моќен антиоксиданс, витаминот А за добар вид. Улогата на витамините од групата Б е повеќекратна, учествуваат во многу ензимски реакции, добри се за заштита на нервниот систем, за енергија, за здрава кожа и витаминот Б9, односно фолната киселина којашто се препорачува кај трудниците.

Производите под брендот Битолско се познати и докажани како дел од домашен бренд со најдолга традиција во млечната индустрија. Препознатливи за сите генерации, посебно со својот вкус и потврден квалитет.

Поврзани вести

Средба меѓу Димовски и Бислимовски: Компаниите да направат нова пресметка за цената на струјата

Никола Поповски

Амстердам го надмина Лондон по прометот на берзите

Влатко Зорба

Римац го претстави кампусот: Ќе има градинка, музеј, ливада со животни … (ВИДЕО)

Влатко Зорба