СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Џонсон и Џонсон“ добија милијарда долари за вакцина од владата на САД

Владата на САД денеска објави нова инвестиција од една милијарда долари во фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ за развој на вакцината против Ковид-19, со загарантирани најмалку 100 милиони дози. Овие пари ќе бидат искористени за финансирање на големо производство на оваа експериментална вакцина.

„Џонсон и Џонсон“ добија 456 милиони американски долари преку својата подружница „Јансен“ кон крајот на март, а новата милијарда ќе финансира проект за производство на големо на својата експериментална вакцина.

Двете страни предвидуваат можно зголемување на нарачката за дополнителни 200 милиони дози.

Со оваа инвестиција, улогите на владата на претседателот Доналд Трамп за проекти за развој на вакцини се зголемија на најмалку 9,4 милијарди долари, вклучително и договори за снабдување потпишани со пет компании кои предвидуваат испорака на најмалку 700 милиони дози, според пресметката на Агенцијата Франс-Прес.

Доколку вакцините се докажат ефикасни, САД би можеле теоретски да добијат 100 милиони дози од четири компании, „Џонсон и Џонсон“, „Новавакс“, „Фајзер / Бионтек“, „Санофи / ГСК“ и 300 милиони дози од групата „Оксфорд / АстраЗенека“. Втората група веќе има потпишано или е во преговори со други земји, од кои 400 милиони дози за Европската унија.

Трката за вакцината бара да се започне паралелно производството со клиничките испитувања и потенцијално со загуба, пред да се знае дали вакцината е ефикасна.

Владата на САД, исто така, потроши милијарди долари за изградба на места за производство, за компании што произведуваат шприцови и шишиња што ќе бидат потребни за дистрибуција или за идни вакцини.

Американците, исто така, го купија скоро целото производство на антивирусен лек редесивир до септември, првиот лек кој покажа релативни резултати за лекување на пациенти со Ковид-19.

Поврзани вести

Apple ги затвори продавниците во Кина поради коронавирусот

msp-admin

Заев за барањата на текстилниот Кластер за зголемување на работното време за половина час: Тоа мора да биде екстра платено

msp-admin

Трговската размена меѓу Русија и ЕУ намалена за петтина во 2020 година

Влатко Зорба