Компании и пазар

Димитријоски: 4Г зрачи повеќе од 5Г

Сашо Димитријоски, директор на АЕК во интервју за МИА вели дека 4Г мрежата има поголемо нејонизирачко зрачење од новата генерација мрежи – 5Г.

Според него бидејќи мерењето е спроведено во најлошо можно сценарио за очекување е тоа да учествува со уште помал процент во реални услови.

– Согласно ЗЕК една од надлежностите на АЕК е да го мери нејонизирачкото зрачење од сите предаватели од кои има емисија на електромагнетни бранови, а секако тоа значи и од базните станици од сите постојни технологии: 2Г, 3Г и 4Г. Ова значи дека и со воведување на 5Г тоа ќе остане обврска на АЕК. До овој момент АЕК спроведе мерење на нејонизирачко зрачење на неколку локации од 5Г тест-мрежата на Македонски телеком за која е издадено привремено одобрение до 31.10.2020 за опсегот 3.6-3.7 Mhz. Мерењето е спроведено во сценарио на максимална иззрачена енергија и резултатите покажуваат дека од максимално дозволеното ниво според меѓународната комисија за заштита од нејонизирачко зрачење кумулативното зрачење изнесува 14,9 проценти. Во овој процент зрачењето од 5Г учествува со само 32 проценти за разлика од зрачењето што потекнува од 4Г, кое учествува со 49 проценти. Бидејќи мерењето е спроведено во најлошо можно сценарио за 5Г за очекување е тоа да учествува со уште помал процент во реални услови. АЕК ќе продолжи и понатаму со континуирани мерења и доколку се констатира надминување на нормите, согласно ЗЕК секако дека АЕК ќе преземе соодветни дејства, вели Димитријоски.

Поврзани вести

Одбиена понудата на Мајкрософт за купување на ТикТок

Stefanija Kuzmanovska

Горан Сладиќ нов генерален директор на Пивара Скопје

Влатко Зорба

Приходот на Apple од реклами може да достигне 11 милијарди долари во 2025 година

Влатко Зорба

РКЕ бара законски измени за поголеми и попрецизни надлежности

Влатко Зорба

Приклучокот на парно за новите објекти намален од 3.180 на 2.000 денари

ФИТР: 203 стартапи продолжуваат во следна фаза на јавниот повик Стартапувај 2

Влатко Зорба