СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Димитров: Најголем притисок од порастот на минималната плата ќе имаат трудоинтензивните дејности

Трудоинтензивните дејности како текстилната и кожарската индустрија предупредуваат дека постои можност за затворање на помалите компании, кои не ќе можат да го издржат притисокот од покачувањето на минималната плата, но се надеваат дека работниците од овие компании ќе можат да се вработат во поголемите текстилни конфекции.

– Најголем притисок од порастот на минималната плата ќе имаат трудоинтензивните дејности. Мислам дека пазарот ќе успее да ги прифати вработените од евентуалните затворања на овие помали компании, кои не работат директно со клиенти, туку земаат работа преку втора-трета рака и оти овие вработени ќе се вработат во оние конфекции што ќе обезбедат поголема продуктивност, подобри услови за работа и почитување на работничките права, рече вчера претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров.

За Владата, со зголемувањето на минималната плата не се прави притисок врз компаниите, туку им се гарантира платата на најзагрозените категории вработени кои немаат алтернатива во делот на мобилноста поради својата возраст или други причини.

Поврзани вести

iPad – уредот на декадата

msp-admin

Корона данок за богататите?

msp-admin

Битиќи: Поднесени се 34.000 апликации за финансиска помош за компаниите

msp-admin