СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Димковски: Пандемијата од коронавирусот ги покачи откупните цени на оризот

Вонредната состојба во државата, и воопшто пандемијата со коронавирусот на светско ниво, поволно се одразуваат врз оризопроизводството, односно врз откупните цени, поради што земјоделците можат да бидат задоволни.

Ова е генералната оценка на министерот за земјоделство Трајан Димковски, искажана при неговата денешна посета на Кочани, нагласувајќи дека и покрај неповолната хидролошка состојба пролетва, седибата на оризот успешно ќе се приведе кон крај.

-Сезонава во Кочанско под ориз имаме околу 3.200 хектари од кои се очекуваат 17 илјади тони оризова арпа, од што директна егзистенција обезбедуваат близу 1.500 семејства. Има осетно покачување на откупната цена, така што во моментот таа е од 25 до 30 денари за килограм арпа, односно 50 до 60 денари за белиот ориз. Влијание за тоа имаа и светските берзи каде за само два месеца од појавувањето на пандемијата, цената се покачи за 200 евра по тон, а во моментот таа на одделни берзи достигнува и по 1.000 евра за тон. За да може непречено да се реализира сеидбата, на подрачјето на хидросистемот Брегалница оваа година машински беа исчистени 150 километри земјени вади и 20 километри бетонски канали, исчистено е коритото на реката Брегалница од 2,5 километри, а рачно е завршено чистењето на 50 километри главни и споредни бетонски канали за наводнување. Поради сушниот период ќе биде потребно планско и рационално користење на водата за успешно да се реализира вегетацијата, истакна министерот Димковски.

Тој додаде дека со програмата за 2020 година зголемени се субвенциите по обработлива површина, при што за задолжително користење семенски материјал покачувањето е од 12 илјади на 25 илјади денари, а за оние земјоделци кои не користат сертифициран семенски материјал зголемувањето е од шест на 18 илјади денари по хектар. Истовремено се инвестира и во нови капацитети за наводнување, ако што е изградбата на браната Речани, на падините на Осоговските Планини.

-Првата фаза за изградбата на овој капитален објект е завршена и веќе тече втората фаза, а според динамичкиот план треба да заврши до крајот на 2024 година. Таа ќе обезбеди снабдување со вода за пиење на Кочани, стабилно наводнување на околу 1.500 хектари во кочанскиот регион, како и производство на електрична енергија со изградба на две хидроцентрали, додаде Димковски.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев изрази задоволство од поддршката и внимнанието што ресорното министерство ги дава на кочанскиот оризопроизводен регион, посебно за изградбата на потребната инфраструктура за обезбедување вода за наводнување и за други потреби на овдешното население. та/ев/

Поврзани вести

BMW очекува силен раст на профитот во 2021 година

Влатко Зорба

Барелот нафта падна под нулата за прв пат во историјата

msp-admin

Короната дефинитивно ги промени нашите навики, продавачите на велосипеди „цветаат“

msp-admin