СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Дизни“ со нов рекорд за приходи

„Дизни“ ќе стане првото филмско студио во историјата со годишни приходи од повеќе од 10 милијарди американски долари во светскиот боксофис.

За 2019 година, компанијата на Боб Ајгер заработи 9,997 милијарди долари – 3,28 милијарди американски долари во САД и 6,7 милијарди долари ширум светот – се очекува да надмине 10 милијарди во наредните денови.

Со тоа „Дизни“ ги подобрува своите перформанси од 2016 година, кога повторно беше на врвот со 7,6 милијарди.

Успехот на студиото се должи на рекордниот број филмови кои собраа над една милијарда долари во светскиот бокс-офис – „Одмаздници: Крајот“, „Аладин“, „Приказна за играчките 4“, „Кралот Лав“ и „Капетан Марвел“.

„Замрзнато кралство 2“ во моментов има заработено 920 милиони, но наскоро ќе ја премине границата од 1 милијарда.

Важно е да се напомене дека приходите не ги вклучуваат профитите од филмовите на „Фокс“, кој веќе е во сопственост на „Дизни“.

Со нив, профитот се искачува на 12 милијарди.

Поврзани вести

Италија планира „замрзнување“ на обврските за плаќање сметки, даноци и хипотеки

msp-admin

Ролс Ројс развива летачко такси

Влатко Зорба

Јовановиќ: На Западен Балкан му недостасува високо квалификувана работна сила потребна за високотехнолошки компании

msp-admin