СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Додека короната затвора бизнси ширум светот, „Голдман Сакс“ постигнува историски успеси на пазарот

Иако коронавирусот остави катастрофални последици ширум светот, со десетици милиони луѓе кои останаа без работа и бројни компании беа ликвидирани, некои компании остварија значителни финансиски придобивки. Американската банкарска и инвестициска групација „Голдман Сакс“ денес ги објави најдобрите деловни резултати за третиот квартал во последните десет години, надминувајќи ги прогнозите на аналитичарите во сегментот за трговија со обврзници и управување со средства.

Компанијата оствари 3,62 милијарди долари профит или рекордни 9,68 долари по акција, што е далеку поголема од проценките на економистите од 5,57 долари по акција, како што предвидоа економистите во истражувањето на финансиската агенција „Рефинитив“.

Вкупните приходи на компанијата скокнаа за 30 проценти, на 10,78 милијарди долари, што е исто така повеќе од една милијарда долари над предвидувањата, водено претежно од секторите за трговија и управување со средства.

Акциите на „Голдман Сакс“ пораснаа за 2,2 проценти во тргувањето пред официјалното отворање на „Вол Стрит“.

Секторот за трговија со хартии од вредност оствари приход од 4,55 милијарди долари, што е за 29% повеќе од претходната година. На тоа влијаеше резултатот забележан во тргувањето со обврзници од 2,5 милијарди долари, скоро половина милијарда долари повисоко отколку што очекуваа аналитичарите во истражувањето на „Фактсет“.

Приходите од тргување со акции од 2,05 милијарди долари во основа се совпаднаа со очекувањата.

Секторот за управување со средства оствари приход од 2,77 милијарди долари, што е за 71 процент повеќе од претходната година и скоро 900 милиони долари повеќе од проценката на „Фактсет“ за 1,91 милијарди долари.

Поврзани вести

Apple на чекор до вредност од два трилиони долари

msp-admin

Колемишевски: Преку PayPal, ќе овозможиме да се продаваат и нашите производи на светскиот пазар

msp-admin

Германскиот нацрт закон за информатичка безбедност се стреми кон консензус за ризиците на продавачите на телекомуникациска опрема

msp-admin