СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Доколку се согласат во Кина, Oracle ќе го купи американскиот дел од бизнисот на „TikTok“

ByteDance и Oracle се договорија за деталите за стратешкото партнерство што му овозможува на „TikTok“ да продолжи да работи во САД, така што платформата не ги менува сопствениците.

Microsoft испадна од играта во последен момент, а кога нејзината последна понуда беше одбиена, ByteDance на крајот се одлучи за Oracle. Оваа компанија, која е во блиска врска со Трамп, поради што му беше фаворит да ја преземе „TikTok“, нема да ја купи социјалната мрежа, туку ќе стане нејзин „доверлив партнер во технологијата“, тврдат упатените.

Тоа не е крај на приказната за „TikTok“. Имено, иако се тврди дека Оракл ќе управува со американскиот дел од бизнисот на компанијата, потребно е и американската и кинеската влада јавно да се согласат со тоа. Според некои извори, кинеската влада попрво би го затворила американскиот дел од платформата отколку да замине под чадорот на компанија од САД, бидејќи се верува дека со тој потег Кина би покажала дека е слаба пред Вашингтон.

Останува да се види која варијанта ќе преовлада, а се претпоставува дека алгоритмите што управуваат со платформата ќе останат под контрола на ByteDance.

Поврзани вести

Забрана на социјалните мрежи: Нема да може да се пишува дека пандемијата не постои

msp-admin

American Airlines најави отпуштање на 13.000 вработени

Влатко Зорба

Volkswagen лансира автономно електрично комбе до 2025 година

Влатко Зорба