СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Државата „ита“ кон обновливи извори на енергија

Државата размислува да прифати една многу пријателска понуда од Грција, да бидеме косопственици на гасните терминали во Александрополис, каде што ќе се гради 800 мегаватна гасна централа што ќе произведува два и пол пати повеќе енергија од енергетскиот дефицит што го имаме како земја, изјави денеска премиерот Зоран Заев, порачувајќи дека С.Македонија има јасна енергетската стратегија.

– Тука намерата е да влезе ЕСМ со свои директни инвестиции. Сама да може да набавува течен природен гас од Америка, од Катар, од Израел и да произведува електрична енергија и да ја пушта во нашата мрежа, што е израз на големото пријателство по Договорот којшто го потпишавме со Грција, но и за понатамошните инвестиции што се случуваат во државата, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања по извршената обиколка на претоварна станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.

Тој нагласи дека доаѓа моментот кога ќе треба да ги затвориме комбинатите што произведуваат струја на јаглен, па така во следниот период ќе претстои затворање на еден блок на РЕК „Битола“, кој ќе биде приклучен на гасоводот што ќе минува крај Битола и ќе се трансформира во гасна централа.

Во исто време, според Заев, се работи и на издавање три лиценци за работа на ветерници за производство на без малку 100 мегавати електрична енергија од ветерници.

– ЕСМ ќе гради дополнително свои сопствени 15, 18 ветерници во јужниот дел на државата. Во фотоволтаици вложуваме на уште четири локации по 50, по 100, по 70 мегавати. Државата ита кон обновливите извори на енергија, за во соодветен период кога тоа ќе биде исполнето, да ги затвориме и другите два блока од РЕК „Битола“, изјави Заев.

Тој нагласи дека иако земјава се уште не е членка на ЕУ, и ги нема обврските за плаќање на аранжманите за емисиите на јаглерод диоксид, сепак во текот на преговорите за членство ќе мора да се прилагодува кон тие обврски.

– Јасно ни е дека треба да го зголемуваме интензитетот на инвестиции во обновливите извори на енергија. Затоа очекуваме успешен процес и на Чебрен и Галиште на 28 декември кога се отвораат самите понуди. Тоа се огромни, не знам 300- 400 мегавати нова енергија, која што јас верувам дека ќе биде добредојдена за државата, така што од прилика тоа е глобално енергетската стратегија во државата преку енергетските комбинати, додаде Заев.

Поврзани вести

Посреќни работници, поголема продуктивност: Мајкрософт тестираа четиридневна работна недела

msp-admin

Не очекувајте електричен автомобил од Ферари во скоро време

msp-admin

Луфтханза го започна најдолгиот лет во својата историја

Влатко Зорба