СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Електричниот седан BMW i4 е зачудувачки (ВИДЕО)

BMW откри детали за својот последен електричен автомобил, кој требаше да биде претставен на Саемот за автомобили во Женева, но беше откажан заради епидемијата на новиот коронавирус. Засега, ова е концептуален Gran Coupe модел, но германската компанија потврди дека има намера да лансира сериски автомобил базиран на него следната година.

Автомобилот нуди динамичен дизајн, а агресивниот фронт има нова верзија на решетката, специфична за компанијата. BMW, исто така, укажува на различните промени што помагаат во подобрувањето на аеродинамиката и треба да доведат до зголемена километража. Специфични за моделот се тркалата, кои исто така се дизајнирани да ја намалат отпорноста.

Во однос на погонот, корисниците можат да очекуваат опсег од 600 км (WLTP), моќност до 530 КС, забрзување од 0 – 100 км на час за околу 4 секунди и максимална брзина од над 200 км на час.

Поврзани вести

SpaceX ќе лансира турски сателит до крајот на година

msp-admin

Елевејт глобал доби 100.000 евра од Бизнис Акцелераторот УКИМ

msp-admin

Tesla доделува 1 милион долари на хакери кои успеваат да ги пробијат нивните системи

msp-admin