Компании и пазар

Facebook дава бесплатни реклами на Светската здравствена организација

Facebook ќе обезбеди бесплатни реклами на Светската здравствена организација (СЗО) откако се обидува да се осигури дека корисниците не се жртви на дезинформацијата на вирусот, ризиците поврзани со него и како треба да се реагира, изјави главниот извршен директор Марк Закерберг, цитиран од „Ројтерс“.

„Даваме на СЗО онолку бесплатни реклами, колку што имаат потреба да одговорат на коронавирусот, заедно со друга поддршка“, рече Закерберг во објавата на социјалната мрежа.

Корисниците кои бараат натписи за вирусот на Facebook, сега ќе видат скокачки прозорец што ги насочува кон Светската здравствена организација или локалните здравствени власти за најновите информации, рече главниот извршен директор.

Тој повторно вети дека компанијата ќе ги отстрани лажните тврдења и теориите на заговор што ги објавија здравствените организации ширум светот, во обид да се справат со дезинформациите на коронавирусот.

Во февруари, Facebook соопшти дека ќе забрани реклами за производи кои нудат опција за третман или превенција на коронавирусот, како и оние што создаваат чувство на итност за ситуацијата.

КОВИД-19, за кој се смета дека почнал да се шири од кинескиот град Вухан, се шири ширум светот, заразувајќи скоро 93.000 луѓе до 3 март.

Другите социјални мрежи преземаат чекори за подобрување на покриеноста на коронавирусот. Пребарувањата за коронавирусот на Pinterest ги носи корисниците на страница со посебна содржина, а Светската здравствена организација направи сметка минатата недела во видео-апликацијата TikTok.

Поврзани вести

Lyft очекува да оствари профит една година порано од очекуваното

Влатко Зорба

Зошто централните банки сè повеќе се заинтересирани за злато?

Влатко Зорба

6G ќе ја замагли линијата помеѓу реалното и виртуелното

Влатко Зорба

Најголемо повлекување на „Волво“ возила во историјата

Stefanija Kuzmanovska

5 години стратешко партнерство на Тутунски Комбинат Прилеп и Филип Морис Интернешнал

Влатко Зорба

Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со домашната платежна картичка

Влатко Зорба