СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Facebook воведува нова услуга, а може да ја користат и тие што немаат профил

Социјалната мрежа Facebook објави дека е пуштена услугата којашто на корисниците ќе им овозможи видео повик со 50 учесници.

“Корисниците може да повикаат луѓе да се приклучат во Messenger собите, вклучувајќи ги и оние кои немаа Facebook профил и ќе бидат дел од групниот видео повик во живо на било кој профил, интернет страна или група на платформа“, велат од оваа социјална мрежа.

Facebook посакува да земе дел од колачот кај видео конференциите кои поради пандемијата на коронавирусот станаа популарни, а најпозната од нив е платформата Zoom.

И други технолошки компании претставија слични услуги со цел да ги привлечат корисниците, па така Google им дозволи на корисниците да организираат видео конференции на Meet.

Од Facebook истакнаа дека услугата на почетокот ќе биде воведена само во некои земји на нивната плаформа и на интернет Messenger и дека наскоро услугата ќе биде проширена во сите земји во кои се достапни Messenger собите.

Поврзани вести

Скопје доби механизми за регулација на пешачките премини – донација од ОКТА

msp-admin

Џонсон се консултира со бизнисот за промена на законодавството по „Брегзит“

Влатко Зорба

Porsche инвестира уште 70 милиони евра во Rimac Automobile и го зголеми уделот на 24%

Влатко Зорба