СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Фолксваген: Ние не бараме алтернативни локации за новата фабрика

Фолксваген не бара алтернативни локации за изградба на нова фабрика за автомобили во Турција, изјави шефот на производството во германската фабрика за автомобили, Андреас Тостман.

Тој за „Ројтерс“ го изјави ова по повод претходната одлука на компанијата да го одложи решението за изградба на фабрика за автомобили во Турција, во услови на критики за воената офанзива во Сирија.

„Ние го следиме развојот на настаните. Плановите за Турција во моментов се на чекање. Не бараме активно алтернативни локации“, рече Тостман.

Поврзани вести

АЕК: Шпекулации се вестите за штетноста на 5Г технологијата

msp-admin

Глобалниот недостиг на чипови го загрозува производството на компјутери и телефони

Влатко Зорба

Епл е највредната компанија во светот

msp-admin