СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Германија одобри 500 милиони евра за обуки на работните места

Германија планира да одобри програма од 500 милиони евра за да спречи прекинување на обуките на работното место за млади работници вработени во компании низ целата земја.

Според прелиминарниот документ разгледан од Ројтерс, целта на програмата е да се спречи кризата со коронавирус да се претвори во криза во однос на професионалната иднина на младите, како и во однос на обезбедување на квалификувана работна сила.

Владата на канцеларката Ангела Меркел треба да го усвои овој план в среда.

Меѓу другото, планот опфаќа бонуси за обука до 3.000 евра, кои ќе им бидат дадени на малите и средни компании кои биле погодени од кризата, пренесува Ројтерс.

За да се ублажат тешките економски последици од пандемијата на коронавирус, германската влада веќе одобри два пакети за стимулација во вредност од вкупно 880 милијарди евра.

Поврзани вести

„ТикТок“ доби нов сопственик? Треба да плати 30 милијарди долари!

msp-admin

Колку повеќе „стега“ короната, толку поскапи се користените автомобили

Влатко Зорба

Контрола врз контролата на тутунот?

Влатко Зорба