СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Германското економско производство паднало од 20 до 25 отсто поради коронавирусот

Германското економско производство веројатно паднало од 20 до 25 отсто за неколку недели, како резултат на епидемијата на коронавирусот, соопшти државната банка за развој KfW.

Банката процени дека врвот на падот веројатно поминал во април, доколку се избегне вториот бран на инфекција.

Со олеснување на голем број рестриктивни мерки, германската економија барем делумно треба да се нормализира до летото, се вели во соопштението на KfW.

Ова ќе резултира со многу силен раст во третиот квартал, пренесе Ројтерс.

KfW предвидува дека бруто домашниот производ на Германија (БДП) годинава ќе падне за шест проценти и дека ќе се зголеми за пет проценти следната година.

Ова е многу слично на проекциите на германската влада објавени кон крајот на април, кои предвидуваат пад на БДП за 6,3 проценти оваа година и раст од 5,2 отсто следната година.

Поврзани вести

ОКТА: Позитивни оперативни резултати и ефикасно управување со залихите во значително влошени услови на пазарот на горива

msp-admin

Голем пораст на бројот на станици за полнење на е-возила во Германија до 2030 година

Влатко Зорба

„Амазон се однесува со нас како роботи“

Влатко Зорба