СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Google“ е подготвен да им исплати на медиумите милијарда долари за содржина

„Google“ планира да им исплати на медиумите милијарда долари за содржина во следните три години, рече извршниот директор Сундар Пичаи денеска, попуштајќи на притисокот од медиумските компании.

Издавачите долго време се бореа со најпопуларниот светски интернет пребарувач, тврдејќи дека треба да им плати за да ја користат содржината. Најгласни меѓу нив се европските медиумски групи.

Пичаи најави нов производ во четвртокот, Google News Showcase, што прво ќе го претстави во Германија, по потпишаниот договор за плаќање содржина со повеќе медиуми, вклучувајќи ги „Der Spiegel“, „Stern“ и „Die Zeit“.

Следи презентацијата на Google News Showcase во Белгија, Индија, Холандија и други земји.

Околу 200 издавачи од Аргентина, Австралија, Велика Британија, Бразил, Канада и Германија покажаа интерес и „Google“ веќе потпиша договор за плаќање содржина со бразилските „Folha de S. Paulon“, „Banda“ и „Infobae“.

„Според оваа, најголема досегашна финансиска обврска, ќе им платиме на издавачите да создаваат и уредуваат висококвалитетни содржини за различни видови на новини на Интернет“, рече Пичаи на блогот.

„Пристапот се разликува од другите наши вести затоа што се потпира на уредничките одлуки на одделни издавачи кои приказни ќе им ги покажат на читателите и како да ги претстават“, рече Пичаи.

Производот се базира на договор за лиценцирање, потпишан во јуни со медиумски групи во Австралија, Бразил и Германија, што предизвика само рамнодушен одговор од Европскиот совет на издавачи.

Реакцијата на Европскиот совет на издавачи на договорот од јуни беше млака и беше жестоко критикувана во Франција.

„Google“ во моментов преговара со француски издавачи, а исто така наиде на потешкотии во Австралија, која сака да го принуди да ги сподели приходите од рекламирање со медиумските компании, според Ројтерс.

Објавувањето на зделката со медиумите разлути некои издавачи на Интернет, како што се страниците за временски услови и рецепти, кои тврдат дека „аGoogle“ им штети на приходите.

Поврзани вести

Ангеловска: МојДДВ МојаНаграда се адаптира на Ковид-19 состојбата

msp-admin

Петина од компаниите во Германија стравуваат за опстанок

Влатко Зорба

Форбс: Овие лекари и научници станаа милијардери за време на пандемијата

Никола Поповски