СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Google го даде петок како слободен ден: Продолжен викенд за намалување на напнатоста!

Технолошкиот гигант Google им даде слободен петок на своите вработени за да се избегне исцрпеност, откако пандемијата на коронавирус влегува во седмиот месец.

Компанијата го избра петок за еднократен платен одмор со цел да постигне „колективна благосостојба“ меѓу вработените, а со оглед на тоа што првиот понеделник во септември е и американскиот празник Ден на трудот, на вработените им беше даден продолжен викенд.

„Силно ве охрабруваме да го искористите овој слободен ден – и менаџерите треба да го организираат својот тим кога станува збор за работните обврски за да го искористат слободниот ден“, пишува во интерниот форум за вработените.

„Ако вашите менаџери сè уште видат дека има работа што треба итно да се заврши, треба да го земете следниот работен ден за слободен“, се наведува.

Белешката на компанијата дојде во време кога менаџерите се обидуваат да најдат начини да функционираат нормално за работа од далечина барем до средината на 2021 година.

Google додаде дека празникот е поврзан со пандемијата и нема да биде додаден на годишниот календар.

„Овој дополнителен одмор е специфичен за 2020 година, со цел да се одржи благосостојбата на компанијата поради коронавирусот“, велат од компанијата.

„Ве молиме, одвојте време и направете сè што треба да направите“, додаваат оттаму.

Поврзани вести

„Тeсла“ се искачи на врвот на листата на највредните производители во 2020 година

Model S на Tesla собори рекорд за траење на батеријата

msp-admin

ЕУ одобри милијарди евра помош за батерии

msp-admin