СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Google во преговори за стекнување на Fitbit

Извори на „Ројтерс“ откриваат дека Alphabet, која стои зад Google, сака да го купи производителот на фитнес гривни и смарт часовници, Fitbit. Според изданието, преговорите се во тек и можеби нема да доведат до договор, но доколку бидат успешни, тие ќе ја зајакнат позицијата на Google на пазарот за ваков тип уреди. На него компанијата има проблеми и покрај Wear OS и разновидноста на часовници што ја користат платформата. Понудената цена засега е непозната.

По веста, цената на акциите на Fitbit скокнаа за 27%, па така капитализацијата на компанијата достигна 1,4 милијарди американски долари. Акциите на Alphabet се зголемија за 2% на 1293,49 долари.

Fitbit е пионер кај фитнес-тракерите, но во последниве години нејзината позиција опадна во услови на подемот на кинеските производители Huawei и Xiaomi. Google се фокусира на паметни часовници, но сè уште има голем пазар за специјализирани фитнес тракери со долг живот на траење на батеријата.

Пред извесно време, Fitbit го купи стартапот Pebble и ја искористи нивната платформа како основа за своите паметни часовници Versa, кои нудат напредни фитнес карактеристики и долг животен век на батеријата. Во меѓувреме, Google ги засили своите хардверски амбиции откако се здоби со голем дел од хардверскиот тим на HTC, а исто така купи и неспецифицирана технологија од Fossil за смарт часовници претходно оваа година.

Поврзани вести

Samsung бележи голем скок на приходите

Влатко Зорба

Бајден против Северен тек 2: „Гасоводот е лоша работа за Европа“

Влатко Зорба

Лашет: „Северен тек 2“ не треба да се откажува поради Навални

Влатко Зорба