Компании и пазар

Huawei го освои Монт Еверест и го покри со 5G сигнал

По повод 60-годишнината од првото успешно искачување на Монт Еверест по северната рута и 45-годишнината од првото официјално мерење на највисокиот врв во светот, поставена е 5G мрежа која ќе овозможи во живо следење на идните експедиции од 6.500 метри висина.

Huawei и China Mobile поставија предаватели за мрежата 5G на Монт Еверест на надморска височина од 6.500 метри. 100 работници учествуваа во инсталацијата на предавателот и се користеа вкупно осум тони опрема, а покриеност на сигналот беше обезбедена на самиот врв, каде брзината на Интернет е 1 GB / s, објавија од Huawei.

Предавателите беа поставени на тибетската страна на надморска височина од 5.300 и 5.800 метри, а потоа и на надморска височина од 6.500 метри. Поради тешки и непредвидливи услови, поставувањето беше особено предизвикувачко.

– Условите во кои само ја подготвивме и инсталиравме базната станица за мрежата 5G беа исклучително тешки, а во инсталацијата учествуваа 40 Шерпаси и 60 наши работници. Се надеваме дека ќе го приближиме Монт Еверест на многу научници, истражувачи и љубители на природата на овој начин, а Huawei уште еднаш покажа дека цврсто верува во технологијата што може да го направи овој свет подобро место, рече Ванг Бо, директорот на Huawei за испорака и услуги.

Отсега, секој што ќе се искачи на Монт Еверест од кинеска страна, ќе може да емитува видео кое ќе го донесе ова неверојатно искуство уште поблизу до луѓето ширум светот. Исто така, веста за нови врвни освојувања повеќе нема да мора да чека со недели, денови или часови, но може да се следи во живо во висока резолуција, посочуваат од Huawei.

Инсталирањето на предавателот за 5G мрежата во базните станици во подножјето на Монт Еверест се случи 60 години по првото успешно кинеско искачување од северната страна на планината и 45 години по првото официјално мерење на највисокиот врв на светот.

Поврзани вести

Кино салите повторно „вртат“ милиони

Влатко Зорба

Доларот на најниско ниво во последниве 2 години

Влатко Зорба

Нафтените гиганти изгубија 90 милијарди долари за 9 месеци

Влатко Зорба

ЕУ одобри милијарди евра помош за батерии

Влатко Зорба

„Мајкрософт“ дозволи постојана работа од дома

Влатко Зорба

Гејтс инвестира 125 милиони американски долари во лек против коронавирус

Влатко Зорба