СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Huawei го прекинува производството на чипови поради санкциите на САД

Кинескиот технолошки гигант Huawei се соочува со недостиг на чипови за процесорите на паметни телефони поради санкциите на САД и ќе биде принуден да го прекине производството на своите најнапредни чипови, изјави еден од директорите на компанијата, Ричард Ју.

Според него, производството на чипот „Кирин“, кој е дизајниран од Huawei, ќе биде запрено на 15 септември, затоа што американската технологија е неопходна за нивно производство.

Тој додаде дека компанијата не е во состојба да направи свои чипови.

„За нас е голема загуба. Овогодинешната генерација „Кирин“ чипови на Huawei би можела да биде последна“, рече Ју, пренесува АП.

Huawei Technologies, еден од најголемите производители на паметни телефони и мрежна опрема, се најде во центарот на тензиите меѓу САД и Кина во врска со безбедноста и технологијата, во која спаѓа и кинеската апликација TikTok.

Вашингтон спречи Huawei да има пристап до компонентите направени во САД, како услуги за мобилни телефони, како што е „Google music“.

Санкциите беа укинати во мај, кога Белата куќа им забрани на снабдувачите ширум светот да користат американска технологија во производството на компоненти за Huawei.

Поврзани вести

Како мудрецот од Омаха го троши своето богатство

msp-admin

Банки даваат 300 милиони долари за зголемување на производството на вакцини

Влатко Зорба

Вкупната вредност на трите пакети aнтикризни мерки се проценува на 500 милиони евра

msp-admin