СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

И Волво ги затвори фабриките во Европа и САД

По Порше, Фолксваген и Волво ги затвори фабриките поради коронавирусот.

Шведскиот производител на автомобили Волво објави денеска дека привремено го прекинува производството во своите европски и американски погони за да го ублажи влијанието на пандемијата на коронавирус.

Затворањето на фабриките ќе влијае на околу 25.000 вработени во Шведска, 6.500 во Белгија и 1.500 во САД.

– Нашата главна грижа е здравјето на нашите вработени и иднината на нашиот бизнис, рече главниот извршен директор Хакан Самјуелсон.

Производството во белгиската фабрика Гент затворено во вторникот, а три ограноци во Шведска, како и фабрика во Јужна Каролина во САД, ќе се затворат на 26 март. Административниот персонал генерално ќе работи од дома од 26 март со скратено работно време.

Компанијата соопшти дека ќе го продолжи производството во Белгија на 5 април, а во други погони на 14 април.

Претходно овој месец, Волво ги отвори своите четири кинески фабрики, кои не работеа долго време заради епидемијата на Ковид-19 во континентална Кина.

Пред Волво, Порше и Фолксваген се одлучија на овој чекор.

Поврзани вести

Како се движат минималните плати во земјите на ЕУ?

Влатко Зорба

Интелигентното мрежно решение во облак на Huawei ja освои главната награда на Интероп Токио 2021

Маск загуби 770 милиони долари по презентацијата на електричниот пикап

msp-admin