СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Италија затвора повеќе од 20 проценти од хотелите

Повеќе од една четвртина од хотелите низ Италија ќе останат затворени во јуни и покрај излегувањето на земјата од блокадата по околу три месеци рестриктивни мерки поради коронавирусот, а повеќе од 20 проценти ќе бидат затворени во текот на целата летна сезона, според италијанската асоцијација на хотели „Federalberghi“.

Менаџерите на околу 30 проценти од хотелите во Италија решија да ги задржат своите капацитети затворени во јуни, се вели во извештајот, додавајќи дека околу 80 проценти од вкупниот број хотели во Италија се планира да се отворат во август.

Исто така, се наведува дека околу 118.000 луѓе ги загубиле сезонските работни места во хотелската индустрија во текот на мај, како резултат на состојбата со вирусот „Ковид-19“. Некои хотели што се отворија во Фиренца, една од најпопуларните туристички дестинации пред пандемијата, откако стравуваат за бизнисот затоа што нема многу резервации.

Италија ги отвори своите регионални граници на 3-ти јуни по три месеци ограничени мерки на движење. Во исто време, дозволени се пристигнувања од ЕУ и Шенген земјите, но првите туристи се претежно Италијанци, а хотелите кои се отворени очекуваат странски туристи во јули и август.

Италија е првата земја во Европа што воведе општи карантински мерки на почетокот на март, а со постепено олеснување на рестриктивните мерки, излезе од блокадата по околу три месеци.

Поврзани вести

Трговскиот дефицит на САД се искачи на 71,1 милијарди долари

Влатко Зорба

„Дизелгејт“: Фолксваген ќе плаќа обештетување на сопствениците на дизел возила

msp-admin

Важна маркетинг лекција од Мишел Фајфер

msp-admin