СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Јагуар Ленд Ровер“ отпушта 1.100 лица

Најголемиот британски производител на автомобили, „Јагуар Ленд Ровер“, ќе мора да отпушти 1.100 работници за да ги преживее последиците од пандемијата на коронавирус.

Компанијата ќе го намали персоналот низ Велика Британија, како дел од „програмата за трансформација“.

„Преку својата тековна програма за трансформација, „Јагуар Ленд Ровер“ презема чекори за да ги оптимизира перформансите и да постигне понатамошна оперативна ефикасност за да овозможи одржлив раст и зачувување на долгорочен деловен успех“, рече портпаролот на компанијата.

„Поради пандемијата од коронавирус, компанијата донесе тешка одлука да го намали бројот на вработени во наредните месеци“, се вели во соопштението на компанијата.

Кратењето на работните места ќе започнат во производствените капацитети на „Јагуар Ленд Ровер“ низ Велика Британија и овој процес ќе трае од крајот на јули до крајот на годината.

Групата има работна сила во Велика Британија од околу 32.000 луѓе, пренесе „Sky News“.

Во претходните недели, други британски производители, како „Бентли“ и „Астон Мартин“, мораа да го намалат бројот на вработени за да ги преживеат економските последици од пандемијата.

Поврзани вести

„Амазон“ со најголем приход на сите времиња во четвртиот квартал

Влатко Зорба

КРИПТО-СЕМЕЈСТВО: Вложиле се што имаат во биткоин, сега им се исплати (ВИДЕО)

msp-admin

Hyundai и Apple планираат да потпишат договор за автономни возила до март

Влатко Зорба