СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Како да добиете работа во време на криза?

Милијардерот Марк Кубан има неколку совети за невработените како да добијат работа во време на криза: Не престанувајте да аплицирате за работа и искористете ја секоја можност да ви помогне да ги подобрите своите вештини, што ќе го импресионира вашиот работодавец утре.
Првото прашање што ќе ве постави секој работодавец е: Што научивте за време на оваа пандемија? Какви вештини ги усовршивте за време на актуелната криза?

Работодавците очекуваат од луѓето кои биле во карантин долго време да излезат од тоа со ново знаење, бидејќи имаат повеќе време и пристап до, на пример до онлајн курсеви.

“Луѓето ќе дојдат со нови идеи и можности. Затоа, продолжете да аплицирате за работа“, изјави Кубан и додаде дека ако сакате работа сега, мора да излезете од вашата зона на комфор и да бидете мобилни.

Поврзани вести

Директорот на „Голдман Сакс“: Ќе ја укинеме работата од дома што е можно поскоро

Влатко Зорба

Земете ја академската иднина во свои раце

msp-admin

Deutsche Bank: VW ќе ја престигне Tesla следната година

Влатко Зорба