СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кои се петте најтргувани акции на Македонска берза оваа недела?

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид, НЛБ Банка, Стопанска банка Битола и Макпетрол се најтргуваните на Македонска берза, во период од деветти до 13-ти март, покажува Неделниот преглед.

Вкупниот промет во текот на оваа трговска недела достигна ниво од 7.946.459 евра, што е 18,91% повеќе во однос на претходната недела. Пораст од 46,53% има кај вкупниот број на трансакции (1.477), додека пазарната капитализација се позиционираше на 3.098.837.376 евра или 7,70% помалку во однос на минатата недела. Пазарната капитализација на 13-ти изнесува 1.748.218.067 денари, однонс 13,61% пониско во однос на истиот период претходната недела.

Индексот МБИ10 на 13-ти овој месец достигна 4.304,65 поени или 13,32% помалку во споредба со претходниот петок.

Поврзани вести

Дигитален долар: Дали Америка ќе добие нова валута?

Влатко Зорба

Грчкиот туризам ќе помине пет пати полошо од економската криза во 2008 година

msp-admin

Ангеловска: Домашната платежна картичка е инјекција од 28 милиони евра за домашното стопанство

msp-admin