СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Колку донирале најбогатите луѓе во светот за борба против KОВИД-19?

Некои од најбогатите луѓе во светот, имено технолошки милијардери, донираа и големи суми пари, пренесува Business Insider.

Во борбата против KОВИД-19 беа вклучени Фејсбук, Амазон, Епл, итн., кои донираа стотици милиони долари за маски, респиратори и заштитна облека.

Сепак, какви суми донирале нивните сопственици како поединци?

Најголем дел од парите ги донирал Џек Дорси, додека останатите богати дадоа суми, кои како процент претставуваат многу мал дел од нивното богатство. Еве што донираа Бил Гејтс, Џеф Безос и Марк Закерберг:

Џек Дорси
Богатство: 3,89 милијарди американски долари
Донација: 1 милијарда долари

Ко-основачот и извршен директор на Твитер, Џек Дорси, објави дека донира една милијарда американски долари што ќе ги искористи за борба против новиот коронавирус, пренесува Ројтерс.

Средствата ќе бидат дел од неговата сопственост на друга компанија што ја води – Square.

Со серија твитови, Дорси објасни дека сумата претставува 28% од целото негово богатство и ќе биде донирана на неговата добротворна организација Start Small LLC.

Џеф Безос
Богатство: 123 милијарди долари
Донација: 100 милиони долари

Во почетокот на април, Џеф Безос објави дека донира 100 милиони долари на Feeding America. Тоа е невладина организација која ги поддржува банките за храна во земјата.

Сепак, износот претставува 0,08% од состојбата на Безос.

Бил Гејтс
Богатство: 101 милијарди долари
Донација: 100 милиони долари

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс донираше 100 милиони долари за борба против пандемијата во февруари, што претставува 0,99% од личното богатство на Гејтс.

Во март, фондацијата објави дека ќе насочи 50 милиони американски долари на заедничко вложување со Wellcome и Mastercard, наречено „COVID-19 Therapeutics Accelerator“. Трите компании собраа 125 милиони долари, но не беше јасно од тие вести дали тие 50 милиони долари се дел од првично објавените 100 милиони долари што ги донираше Гејтс.

Милијардерот објави дека ги избира првите седум проект вакцини против коронавирусот и ќе гради постројки за да ги развива. Можеби ќе го чини милијарди, но точната сума засега не е позната.

Марк Закерберг
Богатство: 65 милијарди долари
Донација: 25 милиони долари

Ко-основачот на Фејсбук и сопругата Присила Чан најавија дека преку нивната фондација, Чан Закерберг ќе донира 25 милиони долари на Therapeutics Accelerator, во кој учествува и Бил Гејтс.

Износот претставува само 0,04% од состојбата на Закерберг.

Следејќи ја веста, се појави видео на TikTok, кое брзо стана вирил. Тоа покажува што го донирал мал дел од своето богатство Цукерберг.

Поврзани вести

VW ќе го трансформира овој е-ѕвер од концепт во масовно производство за само 2 години

msp-admin

Зошто Мicrosoft им препорача на 400 милиони корисници да си купат нов компјутер?

msp-admin

„Нетфликс“ става крај на споделувањето лозинки

Влатко Зорба