СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Коронавирусот создаде перспективно работно место, а диплома не е потребна

Пандемијата од коронавирус остави без работа повеќе од 40 милиони Американци од средината на март. Истовремено, следењето на контакти, малку позната техника за зачувување на јавното здравје се претвори во голема прилика за работа, пишува Бизнис Инфо.

Додека градовите и државите повторно ги отвораат своите економии, многумина ги зголемуваат своите капацитети за следење на контакти за да се ограничи ширењето на коронавирусот.

Вака може да се дефинира ова работно место: Барање на контакти подразбира пронаоѓање на блиски контакти на личноста заразена со коронавирус, давање информации на контактите за болеста и поттикнување на самоизолација од 14 дена за да се избегне потенцијалното инфицирање на други личности.

Следењето и барањето на контакти не вклучува многу детективска работа, иако експертите велат дека вештините на критичко мислење и упорност се клучни.

Лицата кои откриваат случаеви на заразени ги контактираат луѓето кои се позитивни и се обидуваат да соберат имиња и броеви на телефони на нивните блиски контакти (членови на семејство, пријатели, колеги). Тие информации се проследуваат до “трагачите за контакти“ – лица кои за тоа се обучени и не мора да имаат факултетска диплома.

“Важно е да ви е пријатно со медицинската терминологија, работа со списоци и непосакувани повици. За мене тоа беше најтежок дел. Луѓето добиваат вести кои се вознемирувачки и сериозни“, вели професорка на Институтот за јавно здравје на Универзитетот во Њујорк и поранешен трагач на контакти, Кристиана Коил.

Трагањето по контакти не е позиција која настанала за време на пандемијата на коронавирус. Во Америка ова било ефикасна техника за сузбивање на ширењето на ХИВ, туберкулоза, сипаници…

Големата потреба за оваа позиција ги враќа луѓето од пензија, а овие луѓе платени 27,50 долари на час.

Поврзани вести

Проширен Глобалниот извршен одбор на Здружението на Светскиот комуникациски форум

msp-admin

JPMorgan продаде рекордни 13 милијарди долари во обврзници

Влатко Зорба

Приходите на „Зум“ се зголемија за 355 проценти за време на пандемијата

msp-admin