СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ковид 19 ги замрси конците на пивската компанија

Пивската компанија AB InBev не е меѓу оние кои профитираат од корона вирусот. Најголемиот производител на пиво, AB InBev соопшти дека изгубил 170 милиони долари профит во првите два месеци од 2020 година, поради глобалното ширење на корона вирусот, пишува Бизнис Инфо.

Од компанијата, во чија сопственост се BUD, ABI, Stella Artois и Corona, велат дека загубата на вкупниот профит изнесува 285 милиони долари. Тие ја споредиле заработката во последниот квартал, заклучно со 31 декември 2019 година и изнесува 114 милиони долари, за разлика од 456 милиони долари коишто ги заработиле во последниот квартал 2018 година.
Предвидуваат дека заработката во првиот квартал ќе им падне за 10% и наведуваат дека минатата година била разочарувачка, а бонусот на извршниот директор ќе биде скратен.

Со оглед на тоа што нивната мантра е дека пивото ги спојува луѓето, Ковид – 19 им ги замрси конците, бидејќи луѓето во Кина не излегуваат од дома и не се дружат, а испораките на пиво во оваа земја значително опаднале.

Извршниот директор, Карлос Брито вели дека ги бодри своите вработени укажувајќи им дека природно е во бизнисот работите секогаш да не одат по нагорна линија.

Поврзани вести

Huawei: Нашиот автомобил ќе поминува повеќе од 1.000 км, далеку подобри сме од Tesla

Влатко Зорба

Руската Сбербанк се подготвува да пушти сопствена криптовалута до пролет

Влатко Зорба

Норвешкиот суверен фонд заработи рекордни 180 милијарди долари

msp-admin