СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Мајкрософт“ на мета на критика: Сакаат да го следат и анализираат говорот на телото и изразите на лицето на вработените

Технолошкиот гигант „Мајкрософт“ поднесе барање за патент за систем што ќе ги следи говорот на телото и изразите на лицето на вработените за време на деловните состаноци, со цел да се процени нивниот квалитет.

Документот што го придружува патентот објаснува дека оваа технологија може да се користи за состаноци преку Интернет, но и за оние што се одржуваат во живо.

За да функционира технологијата, просторијата треба да биде исполнета со сензори што ќе ги следат учесниците, па затоа не е изненадувачки што веќе предизвикува загриженост за нарушување на приватноста на луѓето.

Оваа технологија ќе им овозможи на менаџерите да го следат секој вработен поединечно. Иако „Мајкрософт“ објаснува дека овој систем не би бил вклучен постојано и дека неговата цел е да ги идентификува недостатоците во ИТ системот, критичарите не се откажуваат дека тој е само средство за следење на работниците.

Упатените велат дека сензорите можеле да забележат кој присуствувал на состанокот, неговиот јазик на телото и изразите на лицето, времето што секој учесник на состанокот го поминал активно учествувајќи на него, како и образците на говорот што укажуваат на досада, замор и незаинтересираност.

Исто така, со помош на оваа технологија можеше да се забележи дали учесниците си пишувале пораки едни на други за време на состанокот, дали пребарувале на Интернет и слично.

На крајот, сето ова би било комбинирано со други фактори, како на пример дали состанокот бил доволно ефикасен, што чувствувале учесниците по него, колку бил пријатен за учесниците

Патентот што се развива, исто така, може да ги идентификува главните проблеми поради кои состанокот не бил доволно продуктивен, како што се преполна просторија, прегреана просторија, предолг состанок и слично.

Критичарите, сепак, сметаат дека ова е огромна повреда на човековите права и дека претставува чекор назад во развојот на работничките права.

Факт е дека компаниите често не ги користат патентите што ги регистрираат, но стратешки откриваат на што работат, пред да пуштат нешто во комерцијална употреба.

Поврзани вести

Инфраструктурниот план на Бајден го зголемува оптимизмот на Волстрит

Влатко Зорба

Направил штета од 3 милијарди долари, му ја намалиле платата за 36%

Влатко Зорба

Со наука против предрасудите

msp-admin