СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Маск го надмина Бафет по богатство

Средствата на Ворен Бафет се намалија претходно оваа недела, кога тој донираше акции во вредност од околу 2,9 милијарди американски долари на конгломерат „Беркшир Хатавеј АД“ на четири добротворни цели и фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“.

Ова е последен, но не и најголем придонес во неговиот план да го сподели своето богатство, пренесува „Сибиз“.

Вредноста на средствата на Елон Маск во петокот ги надмина средствата на Ворен Бафет, со што извршниот директор на „Тесла“ е седмо најбогато лице во светот, според индексот на „Блумберг“.

Богатството на Маск се зголеми за 6,07 милијарди долари во петокот, објави „Блумберг њуз“, по зголемувањето на акциите на производителот на електрични автомобили од 10,8 проценти.

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос е најбогатиот човек во светот со 179 милијарди долари, а ко-основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс е втор со 116 милијарди долари.

Акциите на Тесла скокнаа за 500 проценти во текот на изминатата година, откако компанијата ја зголеми продажбата на Модел 3.

Поврзани вести

Брагонци нов шеф на канцеларијата на ЕИБ за Западен Балкан

Влатко Зорба

Ralph Lauren ќе произведува медицински маски и наметки, донира и 10 милиони долари

msp-admin

Доларот зајакнува, ризичните валути паѓаат

msp-admin