СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Маск остана „пократок“ за 16 милијарди долари

Кога Елон Маск пред точно осум години го даде зборот дека ќе донира барем 50% од своето нето богатство во добротворни организации, тој на својата сметка имал „само“ 2 милијарди долари.

Денес има околу 82,3 милијарди долари, а драстичен пад се случи вчера, кога загуби 16 милијарди долари за ден, поради падот на акциите на „Тесла“. Тоа е исто така најголема загуба во историјата на индексот на милијардерите Блумберг, забележана за еден ден.

Основачот на компаниите „Спејс Екс“ и „Тесла“ моментално е 7-ми на листата на „Форбс“ за најбогати Американци. Во последните денови од август, благодарение на растот на акциите на „Тесла“, неговото богатство се зголеми на повеќе од 100 милијарди долари, а потоа на 4 септември падна на 87,9 милијарди.

Култниот магазин анализираше колку пари донирал Маск досега, а се проценува дека тој дал околу 100 милиони долари во добротворни цели, што е ситница за него. Бидејќи дал помалку од 1% од неговото нето богатство, тој не добил завидна оценка.

Маск е познат милијардер „сиромашен во готовина“. Скоро целото негово богатство, освен што поседува неколку имоти (од кои сака да се ослободи), е поврзано со неговите улоги во компаниите што ги основал. Пред две години, тој рече дека ќе продава акции на „Тесла“ во вредност од околу 100 милиони долари „на секои неколку години“ и ќе ги дава во добротворни цели.

Маск донираше околу 25 милиони долари за непрофитни организации преку својата Фондација „Маск“, откако ја основаше во 2002 година. Со текот на годините, тој префрли десетици милиони долари од својата фондација во два фонда советувани од донатори: портпарол на Маск за „Форбс“ рече дека тие фондови донирале вкупно 75 милиони долари.

За да се исполни неговата цел, како што „Форбс“ пресмета кога Маск поседуваше 68 милијарди долари во јули, тој ќе требаше да дава на добротворни организации 2,3 милиони долари на ден во следните 40 години.

Поврзани вести

Реклама којашто одлично ја опишува 2020 година

msp-admin

Пицата е најомиленото јадење во светот, но дури 50% од пицериите пропаѓаат во првите 5 години од работењето. Зошто?

Влатко Зорба

Американски компании и Huawei ќе соработуваат на 5G мрежите

msp-admin