СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

MaskMachine: Со пластично шише до заштитна маска

Дваесет и шестгодишниот Нермин Дедукиќ од Босна и Херцеговина стои зад изум под името MaskMachine, којшто е идејно решение за проблемите што ги предизвикува пандемијата од коронавирус.

“Со мојата идеја се решаваат два проблема – се зголемува процентот на еколошко прифатливо одложување на РЕТ амбалажата, но и бројот на граѓани кои носат маски и така го штитат своето и здравјето на останатите. Маските и во иднина ќе ни бидат потребни, особено во текот на сезонскиот грип или кога ќе биде загаден воздухот“, вели Дедукиќ за Дневни Аваз.

Заштитните маски во услови на пандемија се исклучително барани, сепак има луѓе кои не можат да си дозволат да си купат. Од друга страна, во природата завршуваат огромни количини на РЕТ амбалажа. Па така, неговата идеја е заштитните маски да им бидат достапни на сите, а преку MaskMachine да можат да стават пластично шише, а за возврат да добијат маска.

Прототипот на MaskMachine потсетува на телефонска говорница или вендинг машина, а Дедукиќ се надева дека во неговата изработка ќе учествуваат компании од БиХ.

“Очекувам поддршка за да може мојата идеја да стане реалност. Не знам дали ќе се случи тоа, но факт е дека добив голема поддршка, почнувајќи од моето семејство и бројни пријатели. Сакам машината да заживее уште утре, сакам да видам како луѓето одговорно одложуваат РЕТ амбалажа и ја чуваат околината, а во исто време се чуваат и себе и ги почитуваат препораките на надлежните“, вели тој.

Поврзани вести

Foxconn ќе произведува електрични автомобили со Fisker

Влатко Зорба

Traficom ги дефинира критичните делови на комуникациската мрежа во Финска

АЕК објави резултати од мерење на квалитетот на мобилните мрежи на А1 и Македонски Телеком во Тетово и Илинден

msp-admin