СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Мерцедес веќе врши испорачка на возила до пред врата

За да им помогне на сопствениците да добијат нови возила за време на пандемијата, Мерцедес започна да носи возила на адресите на своите нови клиенти.

Ова е прва достава дома во автомобилската индустрија и Мерцедес вели дека одговорот е одличен. Огромен број нови клиенти резервирале и порачувале автомобили преку Интернет и по договорениот рок, автомобилите се испорачувале бесплатно на адресата на клиентите.

Клиентите велат дека се задоволни од оваа опција затоа што не мора да одат во изложбениот салон и да ризикуваат да заболат од коронавирусот, а сепак тие знаат што ќе добијат, бидејќи не се сомневаат во квалитетот на оваа позната марка на автомобили.

Ваквата продажба на автомобили веројатно ќе ги присили другите компании да започнат да размислуваат за слични услуги, што драматично ќе ја смени оваа индустрија и ќе ни овозможи во иднина да купуваме и да ни носат возила на нашиот праг.

Поврзани вести

Додека короната затвора бизнси ширум светот, „Голдман Сакс“ постигнува историски успеси на пазарот

msp-admin

Гејтс: Потценувањето на Елон Маск не е добра идеја

Влатко Зорба

Минералното богатство на Србија вреди повеќе од 200 милијарди долари

Влатко Зорба