СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Методија Мирчев назначен за нов извршен директор на А1 Македонија

Методија Мирчев е назначен за нов извршен директор на А1 Македонија. Од, компанијата соопштуваат дека тој од денеска ги презема одговрностите на извршната позиција и ќе го наследи Мислав Галер, кој одлучи да ја продолжи својата кариера надвор од компанијата и Кластерот Македонија и Хрватска.

Методија Мирчев доаѓа на оваа позиција со огромно знаење и стекнато искуство во различни области во мултинационални компании. Тој ја започнува својата кариера во FMCG индустријата во Полска извршувајќи раководни позиции во неколку интернационални компании. Пред да премине во телеком индустријата, тој имал извршна позиција во L’Oréal Полска.

Како Директор за продажба и Главен комерцијален директор во телекомуникациската компанија Космофон, Методија покажува врвни лидерски способности за кои е потребно огромно познавање на технологијата во бизнис работењето, како во B2B така и во B2C сегментот. Во 2011 година Методија ја продолжува кариерата на позицијата Главен директор за продажба и маркетинг во ОНЕ – Телеком Словенија Групацијата по која бил унапреден во извршен член на Бордот на директори на ОНЕ и ја извршува функцијата главен оперативен директор.

Методија дипломирал на Варшавскиот технолошки универзитет, магистрирал на Лондонската и Париската бизнис школа, како и Норвешката школа за економија.

Поврзани вести

„ајФон на тркала“ пристигнува во 2024 година и ги решава најголемите проблеми на електричните возила?

msp-admin

Фолксваген ќе укине 4.000 работни места во Германија

Влатко Зорба

300.000 примероци од овој смартфон се продадени за 1,8 секунди

msp-admin