СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Microsoft: Треба да се осигураме дека нашите деловни модели не ја ослабуваат моќта на самата демократија

Додека Соединетите држави се подготвуваат за годинашните претседателски избори, претседателот на Microsoft и директор за правни прашања, Бред Смит велат дека технолошките компании имаат „основна одговорност“ да го сочуваат демократскиот процес на земјата во функција, пренесува CNBC.

„Ние имаме фундаментална одговорност како компанија и како сектор за технологија да помогнеме во заштитата на нашите кандидати од напад и хакирање. Помош за зачувување на интегритетот на гласовите, од изборната кампања до броењето на гласовите и секако целиот изборен процес “, објасни Смит за време на Минхенската конференција за безбедност.

„Ние имаме фундаментална одговорност не само да се осврнеме, туку и да се бориме против дезинформациите и верувам дека имаме фундаментална одговорност да се осигураме дека нашите деловни модели не ја ослабуваат моќта на самата демократија со создавање поларизирани општества кои ја уништуваат основата на она, што ја прави секоја демократија успешна“, додава тој.

Коментарите на Смит за време на безбедносниот форум ги следеа зборовите на извршниот директор на Facebook, Марк Зукерберг, кој рече дека на социјалните мрежи им е потребна поголема регулатива од владите за решавање на растечкиот проблем на опасната интернет содржина.

„Додека нема да се согласам со никаква регулатива на краток рок, верувам дека тоа ќе биде нешто што ќе помогне да изгради доверба и подобро управување со Интернет и ќе биде од корист за сите, вклучително и на нас на долгорочен план“, објави Зукерберг за време на конференцијата.

Според него, во отсуство на ваква регулатива, компанијата ќе продолжи да дава се од себе и да биде што е можно попроактивна. Зукерберг додаде дека не сака Facebook да придонесе за дезинформации и поларизација на заедницата.

Во текот на последните неколку години, Facebook наиде на неколку сериозни проблеми.

Компанијата требаше да одговори на прашања во врска со руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, скандалот со „Кембриџ амалитикс“ во 2018 година и започнувањето на четири одделни антимонополски истраги против Facebook во 2019 година.

Зукерберг вели дека компанијата веќе има 35.000 луѓе кои имаат задача да бараат интернет содржини и да суспендираат лажни сметки. Според него, тимот моментно суспендира над 1 милион лажни сметки на ден.

Поврзани вести

Стапката на невработеност во САД падна на 13,3 проценти во мај

msp-admin

Renault подготвува електрична „четворка“ во ретро стил

Влатко Зорба

Претседателот на Samsung Electronics влегува во затвор

msp-admin