СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Најавено осмото издание на конференцијата AllWeb

Како ќе изгледаат дигиталните комуникации утре? Какви трансформации треба да направат компаниите за да фатат чекор со технологијата и новите навики на нивните корисници? Потребни ли се промени за да опстанат брендовите? Ова се дел од прашањата кои ќе бидат одговорени во рамки на единствената конференција за дигитални комуникации кај нас, AllWeb.

Осма година по ред, на 15 ноември во Скопје ќе се соберат експерти за дигитална трансформација, маркетинг и комуникации за со домашната публика да ги споделат своите искуства, знаења и научени лекции во оваа област.

„AllWeb и оваа година ќе понуди листа на нови говорници со богато искуство на работа со различни брендови. Од предводници на промените во корпоративната култура во големи и познати компании, до ‘пирати’ подготвени да напишат нови правила за да опстанат во дигиталниот вртлог. Изборот го правиме многу внимателно, за да понудиме по нешто многу вредно за секој посетител“- вели Дарко Булдиоски, директор на програма на AllWeb.

На конференцијата се очекува учество на околу 300 претставници на високите одлучувачки структури во различни компании, маркетинг и професионалци за односи со јавноста, претприемачи. Дел од говорниците на сцената се Даниеле Фиандака- ко-сопственик во Утопија, Алекс Баркер- од Be More Pirate, Маја Јованчевиќ- SEO експерт и тим лидер во Gaming Innovation и др.

Поврзани вести

Ништо од фабриката „Фолксваген“ во Турција

msp-admin

Европа ја презеде титулата на Кина како најголем пазар за електрични автомобили во светот

Влатко Зорба

СБ: Три фактори клучни за заздравување на економијата

msp-admin