СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Најбогатите во светот изгубија 139 милијарди долари за само еден ден

Најбогатите 500 луѓе во светот изгубија вкупно 139 милијарди долари за само еден ден.

Тоа се случи за време на тргувањето во понеделникот, откако пазарите ги одразија на стравувањата за глобалната економија предизвикана од епидемијата на коронавирус во Кина, пренесува „Блумберг“.

Ова е најголемото намалување на вкупното богатство на најбогатите луѓе во светот, откако новинската агенција го следи овој индикатор, имено октомври 2016 година.

Индексот S&P 500 и Dow Jones Industrial Average се намалија за повеќе од 3% во истиот ден, што претставува најголем пад во последниве две години. Главната причина за ова се проблемите на властите ширум светот во контролата на состојбата со коронавирусот.

Бернар Арно, претседател на управниот одбор на луксузната компанија LVMH и Џеф Безос, основач на Amazon.com Inc., се најголемите губитници, губејќи повеќе од 4,8 милијарди американски долари.

Амансио Ортега, извршен директор на Inditex SA – компанијата мајка на Zara, како и други милијардери во првите 10 најбогати во светот, изгубиле повеќе од 2,3 милијарди американски долари.

Кина, од каде потекнува епидемијата, учествува со 40% од глобалниот пазар на луксузни производи. Француската LVMH го зголеми својот пазарен удел во Азија, без Јапонија, на 30% минатата година.

За споредба, во 2002 година учеството на францускиот конгломерат на кинескиот пазар беше 15%.

Цената на акциите особено ги погоди операторите за крстарење, како што се Carnival Corp., Royal Caribbean Cruises Ltd. и Norwegian Cruise Line Holdings Ltd. кои пријавиле пад од околу 9%.

Нето вредноста на претседателот на Carnival, Мики Арисон се намали за 406 милиони долари на 10,6 милијарди долари. Стотици патници, кои беа на брод на компанијата во Јапонија, се заразени со коронавирусот.

Поврзани вести

УЈП: Остварен 9,5 пати поголем промет од македонски прозиводи во „Викендот без ДДВ“ во однос на истиот 2019 година

msp-admin

„Twitter“ суспендираше 70.000 кориснички сметки поврзани со движењето „QAnon“

Влатко Зорба

Rosenblatt Securities: Акциите на Apple можат да намалат и до 150 долари

msp-admin