СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Најголемииот американски донатор за 5 години донирал над 14 милијарди долари

Американското списание „Форбс“ истражуваше кои се најголемите донатори во Соединетите држави, повикувајќи се на податоците за периодот 2014-2018 година.

„Форбс“ забележува дека тие ги пресметале парите што стигнале до крајните корисници, а не оние што биле ветени.

Американското списание направи список на 25 најголеми донатори.

Најголемиот американски филантроп и донатор е инвеститорот Ворен Бафер, кој за пет години донирал дури 14,7 милијарди долари. Неговото вкупно сегашно богатство е 90 милијарди долари.

Ако ги земеме податоците од 2006 година до денес, тој направил вкупна донација од 34 милијарди долари преку акциите на неговата компанија Беркшир Хатавеј.

Најмногу пари дал во фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, кои се негови пријатели. Фондацијата е посветена на борбата против сиромаштијата и подобрување на здравството во земјите во развој.

Тој исто така помага во образованието, социјалната правда и правата на жените преку фондации што ги водат неговите деца.

Втори на списокот на најголеми донатори се токму Бил и Мелинда Гејтс, кои донирале 9,9 милијарди долари за пет години. Нивното сегашно богатство е 109,6 милијарди долари.

Тие ја водат најголемата хуманитарна фондација во светот, која има 46,8 милијарди долари во пари и средства под управување.

Непрофитната фондација се фокусира на глобалната сиромаштија, економскиот развој, здравството, образованието и донирала 50,1 милијарди американски долари грантови од основањето во 1994 година.

Третиот најголем донатор е Џорџ Сорос, кој главно се фокусира на економскиот развој и човековите права. Тој потроши 3,1 милијарди долари на ова за пет години, а вкупното богатство му е 8,3 милијарди долари.

Унгарецот, кој живее во САД, е познат по Фондацијата Отворено општество, која е особено присутна во Источна Европа.

Фондацијата генерално поддржува проекти како што се борбата за избирачко право, реформа на правосудните системи, слобода на медиуми и иницијативи за човекови права.

Четвртиот најголем американски донатор е Мајк Блумберг, кој се фокусира на климатските промени и здравството, за што потрошил 3 милијарди долари во текот на пет години.

Поранешниот градоначалник на Њујорк и претседателски кандидат е особено заинтересиран за контрола на оружјето, јавното здравство и животната средина.

Неговата фондација, „Blubmberg filantropis“, потроши повеќе од една милијарда американски долари за да го спречи користењето цигари во последната деценија.

Петти на листата најголеми донатори се членовите на семејството Волтон. Тие инвестираат во едукација и зачувување на животната средина, а за пет години дадоа 2,3 милијарди долари. Но, тоа е само дел од неверојатните 181,4 милијарди американски долари кои ги има најбогатото семејство во светот.

Семејството Волтон е сопственик на најголемиот синџир на продавници на мало во светот – Волмарт.

Поврзани вести

Маск: Ако не ми дозволат да го отворам производството, ќе ја преселам фабриката од Калифорнија

msp-admin

McAfee размислува за спојување со поранешниот Symantec

msp-admin

Nestle продаде дел од бизнисот со минерална вода за 4,3 милијарди долари

Влатко Зорба