СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Најголемо повлекување на „Волво“ возила во историјата

„Волво“ објави дека ќе ги повика сопствениците на дури 2,18 милиони возила поради вонреден сервис, сето тоа заради потенцијална грешка во изградбата на безбедносниот ремен.

Како што се наведува, утврдено е дека може да се случи челичниот кабел во системот на ременот да ослабне со текот на времето заради абење, што ја намалува ефикасноста при запирање на телото на патникот во случај на несреќа.

Специфичноста на ова повлекување е дека станува збор за „Волво“, кој во 1959 година беше првиот што воведе стандардна опрема со три точки.

Вклучени се претежно постари модели, вклучувајќи ја и првата генерација на популарниот SUV XC60. На списокот се наоѓаат и S60, S60L, S60 Cross Country, V60, V70, XC70, S80 и S80L, а тоа се модели произведени од 2006 до 2019 година.

Над 400.000 повлечени автомобили се во Шведска, а потоа следат САД со околу 300.000, Кина со 245.000 и Германија и Велика Британија со 178.000 и 169,000 единици, соодветно. Со други зборови, „Волво“ не спровеле слично повлекување во својата 93-годишна историја.

Сопствениците на спорните возила ќе бидат известени во јули со писмо, со цел да го доведат нивниот автомобил во овластен сервисен центар на „Волво“. И стариот и новиот дел ги обезбедува шведскиот „Аутолив“.

Поврзани вести

Трговската размена со Германија за 6 месеци изнесува 2,4 милијарди евра

msp-admin

Елон Маск е „новиот Стив Џобс“? Бил Гејтс не мисли така!

msp-admin

Крај за евтините авионски билети? Се бара забрана на летови од 9,99 евра

Влатко Зорба