Компании и пазар

НЛБ Банка за шест месеци прокнижи 705,3 милиони денари добивка

НЛБ Банка во првото полугодие од оваа година оствари добивка од 705.377.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Добивката на банката во првите шест месеци од 2019 година беше на ниво од 963.243.000 денари.

“Во анализираниот период, банката оствари нето добивка од 705.337.000 денари, што претставува намалување за 26,8% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година“, стои во Анализата на финансиските резултати.

Вкупните кредити кај небанкарскиот сектори изнесуваат 56.575.203.000 денари и бележат зголемување од 3,4% во однос на 31.12.2019 година. вкупните депозити изнесуваат 76.089.390.000 денари и во однос на 31.12.2019 година се зголемени за 3.753.323.000 денари или за 5,2%.

“Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2020 година се пониски за 1,5% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 4,1%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 18,5% главно поради пониски каматни стапки, преструктурирање на изворите во корист на средства по видување и намалување на расходи за субординирани обврски“, стои во Анализата.

Нето приходите од провизии се пониски за 3,8% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се намалени за 2,1% како резултат преземените мерки на Банката за олеснување на последиците од КОВИД -19 пандемијата како што се укинување на надоместоците за електронско банкарство и ПОС терминали, како и пад кај приходите во доменот на картично работење поради намалената активност на клиентите во услови на криза. Расходите за провизии се повисоки за 1,1%, главно поради повисоки расходи поврзани со картично работење.

Во фокусот на банката во следниот период, како што се наведува во Анализата, ќе биде одржување и зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста.

Поврзани вести

Почина долгогодишниот директор на НЛБ, Љубе Рајевски

Влатко Зорба

Над 300 милиони евра должи државата кон македонското стопанство врз основа на неплатени фактури

Влатко Зорба

Колемишевски за „FDI Intelligence“: Нема да сопреме со законските измени и реформи, процесот ќе привлече странски инвеститори

Влатко Зорба

Најпродавани возила во Европа: Golf повторно на врвот

Stefanija Kuzmanovska

Германското економско производство паднало од 20 до 25 отсто поради коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Занаетчии ќе добијат 20 милиони денари за набавка на алати и репроматеријали

Влатко Зорба