СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Од Фејсбук побарано да забрани негирање на геноцидот во Сребреница

Институтот за истражување на геноциди во Канада побара од Фејсбук да забрани негирање на геноцидот во Сребреница на својата платформа.

Во отвореното писмо до Марк Закерберг, тие изјавија дека очекуваат Фејсбук да направи нова промена во правилата за говорот на омраза и да ја забрани содржината што ја негира и изобличува вистината за Сребреница.

„Почитувајќи ја вашата битка против опасните теории на заговор и негирањата на холокаустот во име на стотиците илјади жртви на геноцидот во Сребреница, ве молиме, направете уште една промена во правилата за говор на омраза и забранете ја целата содржина што ја негира и изобличува вистината за геноцидот во Сребреница. Сведоци сме дека платформата се повеќе се користи за континуирано, организирано и систематско негирање на геноцидот во Сребреница.

Во јули 1995 година, повеќе од 8.372 Бошњаци во Сребреница, главно мажи и момчиња, беа убиени ладнокрвно од армијата и полицијата на ентитетот Република Српска на Босна и Херцеговина. Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија пресудија дека масакрот во Сребреница е геноцид, кој не беше ограничен само на мажи, но вклучуваше жени и деца, а најмладата жртва беше новороденче. Повеќе од 50 земји низ светот со своите парламентарни резолуции го потврдија геноцидот во Сребреница“, се вели во писмото.

Тие додаваат дека оние што негираат геноцид ги понижуваат жртвите и нанесуваат страдање на преживеаните жртви.

„Со оглед на горенаведените судски пресуди и резолуции, и како знак на почитување на споменот на жртвите на геноцид, негирањето на геноцид во Сребреница треба да биде забрането и оневозможено на вашата платформа. Оние кои преку вашата платформа го негираат геноцидот во Сребреница, ги понижуваат жртвите, нанесувајќи им болка и страдања на преживеаните жртви на геноцид, што ги охрабрува негирачите на геноцидот и идните можни креатори и извршители на геноцид“, заклучи во писмото Институтот за истражување геноцид во Канада.

Поврзани вести

„Фејсбук“ конечно се огласи за „Social Dilemma“

msp-admin

Гејтс: Вакцината против коронавирусот мора да биде глобално достапна

msp-admin

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија

msp-admin